Колку пари заработува пајак службата?!


570 илјади евра се вплетени во пајаковата мрежа минатата година. Дневно пајакот лани кревал повеќе од 30 возила, а оваа година ја започна поударно…

Повеќе од 14 илјади возила кренале пајаците во Скопје во минатата година. Ова значи во просек по 38 автомобили дневно. Според висината на просечната казна од 2.500 денари, излегува сума од 35 милиони денари или 570 илјади евра. Толку заработила „Пајак службата“ минатата година. Официјална статистика од јавните скопскит паркиралишта не добивме.

pajak-sluzba

Според сликата од улиците се чини дека пајаците оваа година ја стртуваа уште поударно. Само во понеделникот беа собрани 73 возила. Со оваа динамика, на крајот на годината пајак службата ќе урива рекорди. Каде одат овие пари? Во Скопје функциинираат две пајак служби. Една на град Скјопје втората на општина Центар.

Од општинскиот пајак кој функционира по моделот јавно-приватно партнерство велат дека парите се трошат за сервисирање на тековните расходи и за обнова на возниот парк. Колку изнесува годишната заработка, не откриваат. Нема одговор ниту од градската пајак служба.

По вчерашната сторија на МТВ за дрското кршење на сообраќајните правила, пајак службите денеска ги почитуваа сообраќајните прописи. Дали оваа практика ќе се почитува и во иднина ќе провериме за кусо време.

Во изминатите денови МТВ регистрираше тежок сообраќен прекршок што многу често го прават пајаците. Минувањето преку две полни линии, за што казната е 250 евра. Директорот на фирмата Венекс под чија надлежност се возачите на општинскиот пајак за МТВ вели дека е запознаен со проблемот.

„Тие не смеат така да се однесуваат, треба да управуваат со возилата согласно сообраќајните прописи“, вели Лазар Божиновски, директор на фирмата Венекс.

За апсурдот да биде уште поголем, речиси во сите пајак возила кои прават прекршок има и сообраќаен полицаец кој го аминува ваквото однесување. Од сообраќајната полиција побараа да ги доставиме снимките, по што ќе следуваат казни за непочитувачите на законските прописи.

Извор: Mrt.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1