Чичко Тодос некогаш добро заработувал и имал топол дом – денес живее под железничката станица


Чичко Тодос некогаш добро заработувал и имал топол дом, а денес живеалиште му е просторот под железничката станица. На температури под нулата живее на улица. Работите натрупани во оваа торба е се што има.

Кога е многу студено моли во околните објекти да го примат да се стопли и полесно да ја помине ноќта.
-Вечерва ќе ја поминам во кладилница и на автобуска, вели чичко Тодос. Јадел што ќе најде, но не питачел и кога бил гладен.

bezdomnik3-640x360

Чичко Тодос со години бил градежен работник. Вели дека судбината му го променила животот преку ноќ. Го напуштил семејството бидејќи се што заработил изгубил на коцка. -Сме работеле и дома и по странство, Германија, Либија, Русија, словенија, Хрватска, Црна Гора…

Семејството го барало да се врати дома, но тој сакал уште некое време да остане на улица. Еднаш неделно оди во пунктот на Црвениот Крст во Момин Поток. Се бањаше, јадеше топла супа, а го прегледа и лекар.

Чичко Тодос иднината не ја гледа на улица. Планира на пролет да заработи некој денар и повторно да се врати во семејниот дом.Додека парите не станат реалност, чичко Тодос останува на студените улици. 

Целата сторија на – Здравство.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1