Колку се безбедни мостовите во Македонија?


Македонија располага главно со постари мостови, но нивните конструкции се држат одлично, уверуваат надлежните. По големата санација на мостовите долж Коридорот 10, која заврши во 2016 година, инфраструктурата редовно се контролира и мониторира. Проблеми има, но инспекциите се вршат редовно и тие навремено се санираат. Катастрофата од Џенова е предупредување дека ништо не е сигурно, но барем досега немало индиции за посериозни аларми во Македонија, објавува Дојче Веле на македонски. 

Македонија располага главно со постари мостови, но нивните конструкции се држат одлично, уверуваат надлежните

Досегашните искуства покажуваат дека сѐ што се правело главно било вршено плански, со однапред направени анализи и подготвени проекти. Си има служба која врши прегледи и ако се забележат соодветни проблеми се алармира. Излегуваат стручни екипи, се вршат анализи, експертизи, испитувања, санации. Дури има и специјално возило за преглед на мостовите кои во Македонија се главно постари, но се држат одлично“, вели Михо Јаневски, директор на ГИМ (Градежен институт Македонија), фирма која проектира и врши надзор на голем дел од поважните инфраструктурни и градежни проекти во земјата.

,, се покажува дека старите класични конструкции се потрајни. За среќа кај нас, сите досегашни се од она класично време и прописи на проектирање. Но на новите патишта и кај нас се применуваат такви модерни системи, така што ние допрва ќе се соочиме со искуство со такви конструкции. Такви типови веќе има на автопатот Демир Капија-Смоквица и Кичево Охрид, но сепак тие се конструкции кои долго време се покажани во светот“, објаснува Јаневски.

Целото интервју прочитајте го на – www. DW.com 

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1