Колку трае маската за кислород, дефект на моторот на авионот – што стујардесите премолчуваат


Дали сте знаеле дека пилотите, стјуардесите и сиот тој професионален екипаж кријат тајни кои за вас засекогаш ќе останат недостапни. Се до сега. Ова се нивните тајни.

stujardesa1 Маски за кислород – Дали знаете дека од моментот кога маските за кислород ќе излезат од лежиштето, во случај на нужна потреба или опасност,  имате резерви на кислород за само 15 минути ? Тие сметаат дека е тоа доволно време авионот да се спушти на висина од која кислородот може да се добива и од надвор.

2. Батерии во багаж – Зошто е толку важно дали во вашиот рачен багаж со кој влегувате во авионот имате играчки на батерии, а батериите треба да се отстранат, Затоа што дел од таквите играчки вибрираат или создаваат звуци, што во случај на опасност или критична состојба може да доведе до забуна за изворот на вибрациите и звуците, и отежнува пристап и селекција на багажот.

3. Изгасени светла при слетување – Тоа го бараат од вас, или го прават автоматски, да се изгаснат светлата во патничкиот дел кога авионот се спушта кон пистата за слетување. Сметаат дека кога е просторот затемнет, во случај на опасност, вашиот ум функционира подобро и побрзо во намерите да најде решение, и вие да бидете дисциплинирани кон барањата на екипажот.

4. Громови – Сигурно не сте знаеле, а сега ќе знаете, дека за време на летот се случува во авионот да удираат громови, а тоа никој да не ви го каже, или да помине речиси незабележано од вас.

avion stujardesa5. Отворен тоалет –  Ако мислите дека вратите на тоалетите во авионите се навистина заклучени откако вие ќе влезете внатре, се лажете. За да се спречи секоја да прави внатре што сака, а исто така да се има решение во случај на незгода или проблем внатре во тоалетот, стјуардесата може да ја утвори вратата на тоалетот кога ќе посака, и без ваша согласност.

6. Посебна храна – Пилотите, и само тие, имаат свои резерви на храна за време на летот, заради можност храната која е намнета за сите да биде затруена и неупотреблива за нив. Тие мораат да бидат подмирени секогаш.

7. Дефект на моторот –  Се случува еден мотор да престане со работа заради сопствен дефект или оштетувања од надвор.  Повеќето современи комерцијални авиони имаат можност да летаат определено време, до безбедно спуштање, и со еден мотор.

avion patnici8. Гасење на мобилните телефони –  Вообичаено се смета дека фреквенцијата на вашиот мобилен може да попречи комуникација на авионот со земјата и контроилата на летот, иако се тие фреквенции сосема различни. Досега нема целосно професионално објаснување зошто мора да се гасат телефоните при полетување и слетување, иако стјуардесите тоа го кажуваат како обврзувачко. Најпосле, ако ви е телефонот вклучен тој ќе биде хиперактивен барајќи мрежа за работа и брзо ќе ја потроши батеријата. Освен тоа, при таква хиперактивност и загревање има случаи телефонската батерија да експлодира.

9. Бакшиш –  Стјуардесите не смеат да примаат награда, бакшиш за својата работа што е необично. Секој што ве служи во ресторан или кафертерија го има тоа право, но не и стјуардесите. Се смета дека е тоа неугледно и го нарушува нејзиното достоинство и авторитет, но не е познато дали така сметаат и стјуардесите.

10. Критични моменети –  Повеќето луѓе сметаат дека е опасно и најкритично летањето на голема височина, особено ако откажат моторите на авионот. Вистината е понаква. Авионот може да лета, да едри, низ возухот долго време и без работа на моторите, најкритични момнети се полетувањето и слетувањето на авионот.

11 Водата во авионите – одбегнувајте да ја користите, по правило таа е многу валкана. Некои од авионите се стари и по 20 години, а употребуваат ист резервоар за вода кој ретко се чисти. 

12. Пеплници  – Зошто тоалетите во авионите се уште имаат пепелници? Иако пушењето е забрането, експертите заклучиле дека, иако не се смееш, оние кои сепак се дрзнале да пушат треба да имаат безбедно место да ги изгаснат цигарите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1