Колона од излезот на автопатот од Гостивар кон Кичево до селото Колари после превојот Стража во моментов ги вознемирува возачите кои се враќаат од продолжениот викенд во туристичките места низ Македонија, пренесува Инфомакс.
Колоната е долга десетици километри, а сообраќајот е затворен во правец од Гостивар кон превојот Стража. Според неофицијални информации се работи за страшна сообраќајна незгода која се случила на излезот на автопатот Гостивар во правец кон Кичево.