Командантот на Ослободителната војска на Косово (ОВК – УЧК) Авдил Јакупи – Чакала го напушти затворот Идризово во Скопје, јавуваат медиумите на албански јазик. Чакала е на слобода по 14 години во затвор, oткако му пиша на премиерот Зоран Заев, пренесува Журнал.мк.
-После 14 години и два месеца излегов од затвор, им благодарам на оние кои за ова време беа со мене, напишал Чакала после излегувањето од затвор.
Авдил Јакупи, познат како командант Чакала, на почетокот од јуни минатата година му испрати отворено писмо на Зоран Заев веднаш по неговото стапување на премиерската функција.
Преку ова писмо тој бараше од Заев да го ослободи од затвор, каде што се наоѓа веќе 14 години за дело за коешто тврди дека не го направил.