Командант на ИСИС признал дека добиваат пари преку САД (ВИДЕО)


Даиш Јусаф Ал Салафи, за кој се смета дека е пакистански командант на Исламска држава, им признал на безбедносните агенции во Пакистан дека добиваат пари преку САД, објави угледен пакистански весник.

Ал Салафи и двајца негови сопатници биле уапсени во Лахоре, Пакистан, на 22 јануари.

Isis teroristi

„За време на истрагата, Јусаф Ал Салафи откри дека добивал финансиски средства – преку Америка – за да ја раководи организацијата во Пакистан и да регрутира млади луѓе да се борат во Сирија“, изјавил извор близок до истрагата за весникот Дејли експрес на урду-јазикот, барајќи да остане анонимен, пренесува англискиот весник Експрес трибјун.

Весникот, исто така, тврди дека Ал Салафи всушност бил уапсен некаде во декември минатата година.

Ал Салафи, исто така, наводно, признал дека регрутирал џихадисти за да ги испрати во Сирија и дека добивал околу 600 долари по човек. Тој, исто така, признал и дека работел со пакистански соучесник, кој, наводно, бил имам на џамија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1