Пресметавме: За секој хонорар, пола ќе дадете за придонеси – за 10.000 на УЈП оди 4.874 ден


Доколку земате хонорар од 10.000 денари, за него треба се платат, вкупно, придонеси и персонален данок во износ од 4.874 денари
Премсетката која ја направи Press24 оди вака

UJPНето износ : 10.000 денари
Придонеси за здравствено осигурување: 7.3%
Придонеси за пензиско осигурување: 18%
Персонален данок: 11,11%

Се пресметува коеифициент на придонеси според следнава формула

1-(0,073 (придонеси за здравствено) + 0,18 (придонеси за пензиско)) = 0.747

1-(0,073+0,18) = 0.747

0.747 е коефициентот на придонеси кој сега се дели со нето хонорарот.

10.000 / 0,747 = 13.386. Тоа значи дека придонесите на хонорар од 10.000 денари пред даночење изнесуваат 3.386 денари

Сумата од 13386 е бруто износ кој подлежи на персонален данок од 11,11%

На крајот, 13386+11.11%= 14.874 денари.

Тоа значи дека за хонорар од 10.000 денари се плаќаат придонеси и данок во вкупна висина од 48,74%, поточно, 4.874 денари за придонеси.

Прес24

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1