Од што почина 12-годишното детенце на Инфективна?


Се уште не се знае од што почина 12 годишното девојче на Инфективна. Министерството за здравство формираше Комисија за испитување и откривање на причината за смртта на 12-годишната пациентка.

Ја проверуваат медицинската документација кај матичниот лекар и на Инфективната клиника. Центарот за јавно здравје направи превентивна дезинфекција во училиштето каде што учело девојчето. Во разговорите со наставниците последен пат на училиште било на 23- ти овој месец. Родителите кај матичен лекар прв пат ја однеле на 27-ми заедно со помалата сестра која исто така била болна.infektivna

„Дадени се се упати за изготвување на анализа на двете деца бидејќи и двете деца ги однеле на преглед, меѓутоа починатото дете одбило да даде крв, додека на другото дете земено му е крв и резултатите се негативни“, изјави д-р Лилјана Лазаревска – епидемиолог во Центарот за јавно здравје.

Дечиња со слични симптоми во училиштето нема. Според изјавите на наставниците нема зголемена отсутност на децата. На 28-ми вечерта девојчето било хоспитализирано на Инфективната клиниа, во тешка здравствена состојба. Иако четири часа докторите се обидувале да го спасат девојчето, не успеале. Родителите не сакале обдукција.

Како што соопштуваат од Министерството, Комисијата ја сочинуваат доктори од Клиниката за детски болести, КАРИЛ и Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје.

– Комисијата ќе изврши надзор на работата на матичниот лекар и матичниот педијатар кои ја воделе пациентката во претходните два дена, со цел да се испита начинот на дотогашниот третман и лекување. Членот на Комисијата од КАРИЛ ќе го провери процесот на водење на пациентката за време на интензивното лекување на Клиниката за инфективни болести, стои во соопштението на Министерството за здравство

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1