Комарците стануваат отпорни на прскањето


Изминативе неколку месеци граѓаните сѐ повеќе се жалат на убоди од комарци. Велат дека никакви средства не ги уништуваат. За ова сведочат и вработените во аптеките, каде што, како што велат, сѐ повеќе граѓани бараат средства против алергии од убоди од комарци

320387_komarci-02-ifas.ufl.edu_ffРастворот со кој се прска против комарци треба да се менува на секои три-четири години, предупредуваат експертите, оти, како што велат, по некое време комарците стануваат отпорни на растворот и тој нема никакво влијание врз нив. Изминативе неколку месеци граѓаните сѐ повеќе се жалат на убоди од комарци. Велат дека никакви средства не ги уништуваат. За ова сведочат и вработените во аптеките, каде што, како што велат, се повеќе граѓани бараат средства против алергии од убоди од комарци, пишува Нова Македонија.

Според експертите, средствата за прскање може да се причината поради која, и покрај честото прскање, не се уништуваат.

Врнежливо време и температура од над 20 Целзиусови степени се најпогодни за размножување и за преживување на комарците.
Етимологот Стерија Начевски вели дека треба да се направи студија за комарците за да се знае со каков раствор се прска и во кое време, затоа што, како што вели тој, попусто се прска против комарци ако во тој период тие се ларви.

Според него, растворот со кој се прска може да е штетен за дрвјата и за плодовите, затоа, како што вели, треба да се прска со раствори што не се штетни за природата.

Повеќе на – Нова Македонија 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1