Комичар Бил Козби живеел двоен живот


Еден од најпочитуваните американски комичари, Бил Козби важи за семеен човек и омилен ТВ татко, меѓутоа, се чини, дека легендарниот „доктор Хакстабл“ водел двоен живот

Во својата нова книга „Cosby: His Life And Times“, поранешниот уредник на „Њузвик“, Марк Витакер открива некои помалку познати и денес веќе помалку заборавени детали од биографијата на овој ветеран на комедијата. 17092014160934_kozbi
– Во неговата резиденција на источниот брег водел семен живот, но штом ќе дојдел во Лас Вегас работите се менувале, пишува Витакер и додава дека актерот ноќите ги минувал во друштво на познати „свингери“ и „Плејбој“ зајачици во вилата на Хју Хефнер.

Но, тоа не е се. Авторот се заинтересирал и за љубовниците на познатиот комичар и за вонбрачното дете кое тој го имал со една од нив.

Козби своевремено ги демантираше овие натписи, но во интервју со Ден Радер ги призна аферите, како и дека е можно да се вистинити тврдењата на една од неговите љубовници, Шаен Берк, дека има дете од него.

Витакер во книгата има наведено обвиненија на 13 жени кои во 2004 година тврделе дека Козби ги дрогирал и сексуално ги злоставувал. Судската приказна е завршена во 2006 година, но детали од судењето никогаш не стигнаа во јавноста.

Познатиот комичар се уште не ја коментираше книгата на Марк Витакер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1