Комисијата за заразни болести даде упатство на партиите за кампања – дозволени се митинзи и одење од врата


Партиите можат да водат кампањи со митинзи и од врата на врата, но да се носат маски, да се држи растојание од метар и половина и да се прави честа дезинфекција на рацете. Комисијата за заразни болести ги изготви протоколите за изборниот процес, по барање на претседателот и лидерите на политичките партии. На партиските собири да се користат разгласи за да се избегне поголема концентрација, автобусите кои превезуваат членови и симпатизери да бидат пополнети најмногу со 50 проценти од капацитетот.

-При одржување на собирите, препорака е да се почитуваат сите овие мерки, да се води сметка за бројот на учесници и да се користат разгласни уреди за да се избегне поголема концентрација на луѓе на едно место, изјави д-р Венко Филипче, мионистер за здравство.

На денот на изборите на гласачките места ќе се пуштаат онолку граѓани колку што има паравани, а до ДИК ќе предложат и продолжување уште 2 часа на времето за гласање.

  • Во просторијата никогаш да нема поголем број на гласачи од боксовите за гласање. Доколку постои можност, за што треба да се консултира ДИК, се препорачува зголемување на времето на гласање за два часа за да се избегнат поголеми гужви, истакна Филипче.

Комисијата препоорачува партиските состаноци да се организираат на отворено доколку има услови, а во затворени простории да не траат повеќе од два часа. А на штандовите за рекламен материјал да нема повеќе од двајца. Филипче уверува дека протоколите не се зелено светло за брзи избори, туку се изготвени по барање на политичките фактори, бидејки Комисијата за заразни болести не наведува датум кога граѓаните ќе излезат на гласање.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1