Комисија за прашања меѓу Македонија и Бугарија -Гоце Делчев на маса


Првиот ден од работата на мешовитата комисија за историски прашања меѓу Македонија и Бугарија поминал во конструктивна атмосфера, што дава простор за напредок по отворените прашања, дознава Сител.

На деветчасовната средба не се разговарало во детали за Гоце Делчев, туку повеќе за општи работи и за рамката на дијалогот. На самиот крај, станало збор и за македонските учебници по историја за основно училиште, односно за усвојување на препораките кои се однесуваат на античкиот период.

Главната тема – чиј е Делчев е оставена за денес. Токму на ова прашање се закочи работата на Комисијата, чии членови веќе три средби не можат да најдат заеднички договор. 10-тата средба се одржува по речиси една година застој, а пред нејзиниот почеток и историчарите и политичарите изразуваа внимателност и резервираност во однос на нејзниот успех.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1