Комисија за заразни болести: Затвор и парични казни за кривични дела против здравјето на луѓето


Парични и затворски казни предвидува Кривичниот законик за кривични дела против здравјето на луѓето, пренесување заразна болест или непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Во член 205 од КЗ се наведува дека „тој што со кршење на прописи или наредби со кои надлежен орган определува прегледи, дезинфекција, издвојување на болни или некои други мерки за сузбивање или спречување на заразни болести кај луѓето или со вработување или држење на лице кое боледува од заразна болест со вршење на полово дејствие или на друг начин, предизвика пренесување на заразна болест, ќе се казни со парична казна или со затвор до три година“.

– Ако како последица од делото е пренесена неизлечива заразна болест, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години. Тој што ќе ја загрози сигураноста на друг со лажна закана за пренесување или со ширење на невистинити тврдења за постоење на неилечлива заразна болест ќе се казни со парична казна или затвор до шест месеци. Тој што делото ќе го стори од небрежност, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци. Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна, предвидува КЗ.

Член 206, пак, предвидува „тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна“.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1