Комисијата едногласно за разрешување на Јанева


Комисијата за прашањата на изборите и именувањата без дискусија со едногласна одлука го утврди предлогот до Собранието, Катица Јанева да биде разрешена од функцијата специјална јавна обвинителка поради несовесно, нестручно и незаконито раководење со институцијата Специјално јавно обвинителство. Но како што јавија дел од медиумите вчера попладнето Јанева доставила писмо од затворот за активирање на поднесената оставка од 15 јули.

До крајот на вчерашниот работен ден, до Советот на јавни обвинители дописот не беше пристигнат, но денеска, како што рече претседателот на Советот, Ацо Колевски, е можно да дојде и тие веднаш ќе ја разгледаат оставката и ќе одлучат како би постапиле.

Јанева поднесе условна оставка на 15 јули, на денот кога беше уапсен Бојан Јовановски за случајот „Рекет“, а која требаше да биде активирана кога ќе се избере нов специјален обвинител.

Праќањето на писмото е откако собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата едногласно донесе одлука на Собранието да му препорача разрешување на Јанева поради несовесно, нестручно и незаконито раководење со институцијата.

Претседателот на Комисијата, Илија Димовски изрази очекување дека наскоро ќе биде свикана пленарна седница, како и дека на собраниската седница одлуката ќе биде едногласна како што било случај и на седницата на комисијата.

Комисијата во врска со предлогот за разрешување на специјалната обвинителка, Комисијата одлучуваше зад затворени врати, по разгледување на извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на Јанева поради нестручно и несовесно работење.

Покрај Димовски, се огласи и претеникот од СДСМ, Мухамед Зекири, кој изрази надеж дека брзо ќе заврши истрагата и ќе почне судскиот процес во кој виновните ќе одговараат, а шпекулациите и маглата ќе биде расчистена.

Тој не жали што дал поддршка за СЈО, бидејќи како што рече, вината е индивидуална, а не колективна. Ако еден се огрешил од законот, истакна Зекири не може да и се суди на цела институција. Сепак, се согласува дека Јанева ги разочарала сите од кои добила поддршка вклучувајќи ги и граѓаните.

Покрај Јанева, за случајот „Рекет“ се осоничени и Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1