Лифт во зграда во Карпош 4 со четворица станари се откачил и паднал


Лифт се откачил и паднал во зграда на улицата Трифун Бузев во скопската населба Карпош 4, во средата. Во лифтот имало четворица станари, но никој не е повреден. Станува збор за нова зграда, која сѐ уште нема технички прием, но неколку станови се вселени бидејќи добиле клуч од инвеститорот, дознава „СДК.МК“.

Според извори за „СДК.мк“, лифтот се откачил додека бил на првиот кат и паднал до подрумот на зградата односно два ката под земја, а станарите велат дека случајот е пријавен во полиција.

Од Општина Карпош за порталот велат дека досега никој кај нив не го пријавил инцидентот. „Според нашите сознанија, зградата на оваа локација е во градба, односно нема технички прием и употребна дозвола. Ќе излеземе на терен со инспекција“, велат од Општина Карпош.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1