Компаниите ќе можат да отворат детски градинки за вработените


Правните лица и институциите за образование на стручен кадар за предучилишно образование во иднина ќе имаат можност за отворање детски градинки или центри за ран детски развој за потребите на своите вработени како посебни организациски единици. Во рамки на градинките ќе може да се формираат и центри за ран детски развој.Ова се овозможува со измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата, кој е во прво читање и кој денеска доби зелено светло од матичната собраниска комисија.

gradinka deca

– Правни субјекти кои сакаат да организираат детски градинки за потребите на своите вработени ќе можат да организираат посебна организациска единица која ќе се грижи за заштита на деца, образложи заменик-министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими.

Посочи дека нема лимит во смисла на тоа колкава е компанијата, но таа ќе мора да ги исполни условите и стандардите пропишани со законот, а кои се однесуваат на основање градинка и центар за ран детски развој.

– Секој што сака во согласност со законот за предшколско образование им се дава можност сами да формираат вакви организациски единици. Притоа кадарот што ќе биде таму ангажиран мора да има високо образование, да има лиценца за воспитувач и да биде способен да работи со тие деца, рече Ибрахими.

Овие новини се однесуваат само на предшколски деца и на деца со посебни потреби и притоа кадарот што ќе работи со овие деца треба да биде обучен за тоа.

– Групите што ќе се формираат за згрижување на децата ќе се намалат за две доколку се прими на згрижување дете со посебни потреби односно полесно попречување во развојот, изјави Ибрахими.

извор МИА

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1