Скопјанец моли за помош: Сакам да ја најдам девојката што ми помогна кога ме удри автомобил


„Драги другарки и другари, на 26.12.2014, нешто по 21 часот на една од скопските улички ме удри кола, па по ударот сум изгубил свест. Во таа прилика, некоја жена/девојка притрчала и ми помагала додека дошла Итната помош и при тоа имала контакт со моите родители по телефон за да им каже како сум и каде ќе ме носат.

skopjanec bara devojka

Поради тоа сакам да ја најдам таа девојка/жена во што побрзо време за да може да и се заблагодарам за стореното добро дело. Ќе ве замолам кој може да сподели. Фала. “

Со оваа порака Воислв Здравковски преку социјалните мрежи бара помош од сите корисници во пронаоѓањето на жената која му помогнала во моментот кога му било најтешко.

Доколку таа го прочита ова, може да го контактира преку овој линк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1