Комплетиран тимот на обвинители на Катица Јанева – Избрани уште пет јавни обвинители


Советот на јавни обвинители попладнево на седница прифати пет јавни обвинители кои ќе и бидат помошници на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и со кои составот на ова тело е проширен на вкупно дванаесет заедно со претходно избраните седум јавни обвинители.katica janeva2

Петтемина јавни обвинители избрани денеска за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите, односно Специјалното обвинителство, се: Гаврил Бубевски, Ленче Ристевска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро, сите од Основното јавното обвинителство-Скопје, и Лиле Стефанова од Јавното обвинителство за гонење кривични дела од областа на корупцијата и организираниот криминал, пренесува МИА.

Одлуката ја соопшти претседателот на Советот на јавни обвнители Петар Аневски кој рече дека петтемина биле предложени од Катица Јанева која денеска напладне поднела предлог и повторно барање за докомплетирање на нејзиниот тим со избор на јавни обвинители, овојпат пет наместо првично бараните седум обвинители.

– Овојпат побара да бидат избрани пет јавни обвинители и со одредени дополнувања и појаснувања кои за Советот беа прифатливи и заради тоа одлучивме да ја прошириме систематизацијата за пет јавнообвинителски места, изјави Аневски по седницата.

Претходно Советот избра седум јавни обвинители за Специјалното обвинителство: Бурим Рустени, Елизабета Јосифовска, Лејла Кадриу, Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева, Стевчо Донев и Фатиме Фетаи.

Аневски рече дека 12-те јавни обвинители утре треба да дадат свечена заклетва

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1