Ова е девојката чие тело беше најдено во Битола – Предозираност со метадон причина за смртта


Предозираност со метадон е причина за смртта на  брачниот пар Кашмир и Ѓултен Исовски, чии тела во фаза на распаѓање беа пронајдени вчера во мотел во индустрискиот дел на Битола. И двајцата беа  регистрирани наркозависници, а бурниот  живот  младите сопружници заедно ги однесе во смрт.  Биле 12 години во брак, имаа 4 деца, но извесно време не живееле заедно.  На 24 октомври Ѓултен отишла на свадба во соседството и повеќе не се вратила во домот на родителите каде живеела од неодмна, пишува ТелмаScreenshot_136

Ѓултен се лекувала од зависност, а децата останале со таткото. Тој пак, се лекувал во психијатриската болница во Демир Хисар, по што и на двајцата им било одземено родителското право. Трите  деца на возраст од 5 до 11 години биле згрижени во домот 11 Октомври во Скопје, а за најмалото, 2,5 годишно девојче, старателството го добила мајката на Ѓултен.

Screenshot_135

Младите сопружници не биле разведени, но не се гледале. Кога и како Ѓултен се нашла со Кашмир на 24 октомври, никој не знае.  Таа во  неа немала лични документи, тврди мајката,  покажувајќи ја патната исправа, личната карта и здравсвената легитимација.

Според првичните резултати од обдукцијата, причина за смртта е интоксикација со наркотични средства.

-При увидот на лице место пронајдени се шприцеви со игли и две боци со метадон. И кај двете лица не се пронајдени никакви траги и повреди кои би укажувале за надворешни сили врз телтот на починатите, изјави Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

Видео на Телма.мк

 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1