Научници од Универзитетот во Вашингтон ќе пласират нов модел на кондоми за жени. Кондомите ќе бидат од нановлакна кои исчезнуваат по сексот, а при односот штитат од болести и непосакувана бременост.
Лековите од кои ке се состои кондомот ке имаат улога да спречат инфекции од ХИВ, ќе пружи заштита од многу полово преносливи болести и ќе го запрат движењето на сперматозоидите.
Кондомите во потполност ќе се разградуваат и ќе исчезнуваат по сексот во рок од неколку минути. Научниците кои ќе ги создадат кондомите, неодамна добиле финансиска помош во износ од милион долари од Бил и Мелинда Гејтс за да ја усовршат технологијата.