САД се откажуваат од нафтата?


За 40 години и многу милијарди долари сонот може да стане јаве.

Соединетите Американски Држави би можеле во потполност да ја елиминираат потребата од нафта ако истата ја заменат со синтетичка комбинација на јаглен, природен гас и био горива, пренесуваат светските агенции.

Во ерата од недостаток на природно гориво и неговите штетни последици за биосферата, новото гориво покрај тоа што ќе биде економично нема да биде штетно со многу економски и еколошки предности.

Тим од научници од Пристон кој го предводи професорот за хемиско и биолошко инжењерство, Христодоулос Флоудас, во изминативе неколку години анализирале различни сценарија во кои САД би можеле своите возила да ги придвижуваат со помош на синтетички горива наместо со нафтени деривати.

Идејата, мора да се истакне, е одлична, но постојат бројни препреки во спроведувањето на овој проект.

На САД би им требало 30 – 40 години за потполно преминување на синтетичко гориво, а проектот би чинел околу 1.100 милијарди долари.

 

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1