Конечно добра вест во Италија – нема нови заразени од корона вирус во црвената зона


Девет дена откако десет италијански градови беа прогласени за таканаречена црвена зона, кај нив првпат нема новозаразени луѓе, рекол италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо.

Во Италија досега се заразени 15.313 луѓе, а од нив 1.016 за жал починале од последици од коронавирусот. Откако италијанската влада вовела драстични мерки и затворила бројни продавници, барови, ресторани и фризерски салони, го ограничи движењето, се чини дека тие мерки даваат резултати.

Инаку, во Италија досега од коронавирус се излекуваа 1.258 лица, а бројот на заразени од средата се зголеми на 2.651.Италијанците очекуваат дека рестрикцијата ќе се види за околу две недели,односно дека ширењето на коронавирусот треба да биде под контрола, посебно во градовите надвор од „црвената зона“.

Италија, пишува БИ-БИ-СИ, се соочува со најголема криза од Втората светска војна наваму. На санирањето на последиците од коронавирусот во Италија ќе се потрошат околу 28 милијарди американски долари.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1