Здравствената состојба на македонската ракометарка Робертина Мечевска се подобрува и таа сега е надвор од животна опасност.
Не е повеќе животно загрозена, а во петок се планира хируршка интервенција на лдел од ’рбетот. Дише спонтано, свесна е и без невролошки испади. Работите засега одат кон подобро, но секако мора да бидеме до крај внимателни, изјавил д-р Сашо Поповски од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, за „Утрински весник“.
Пред две недели Мечевска падна од петтиот кат од својот стан со што се здоби со тешки повреди.