Конечно е пронајдена вонземјанска интелегенција


Астрономите пронашле ѕвезда што е можеби окружена со вонземски мегаструктури. Ѕвездата е именувана KIC 8462852 и се наоѓа над Млечниот пат, меѓу соѕвездијата Лебед и Лира.

Астрономите првпат ја забележале во 2009 година благодарејќи на телескопот Кеплер, па најпрво ја проучувале во желба да дознаат дали постои можност околу неа да кружат планети слични на земјата.VONZEMJANI GRADBI2

Но, набрзо е откриено дека та ѕвезда емитува исклучително чудни примероци на светлина, а во 2011 година група научници откри дека таа ѕвезда е опкружена со маса материи во многу тесна формација.

„Фасциниран сум од тоа колку лудо изгледа ѕвездата. Вонземјаните се секогаш последна теза што ја земаме предвид, но тоа што го гледаме околу неа изгледа токму така како што ’малите зелени’ би можеле да го изградат“, изјави Џејсон Рајт, астроном од универзитетот Пен Стејт, чие мислење го делат уште неколку стручњаци.

Се разбира, научниците за необичните структури кои ја опкружуваат ѕвездата сè уште бараат и ’природни објаснувања’, но сите досегашни теории се чинат малку веројатни, па дури и онаа дека некоја друга ѕвезда околу KIC 8462852 привлекла повеќе комети.GRADBI VONZEMJANI

Затоа во јануари ќе биде поставена опрема насочена кон таа необична ѕвезда, а дали ќе успеат да откријат бранова должина што и припаѓа на технолошки напредна цивилизација, останува да видиме.

Ѕвездата наречена KIC 8462852 се наоѓа во меѓу соѕвездието Лабуд и Лира. Вниманието на астрономите за прв пат го привлече во 2009 година. Кога беше означена како кандидат чии систем можел содржи планета во налик на Земјата.

Но, КИЦ 8462852 емитувала многу чудни светлосни бранови од било која ѕвезда околу која би можела да се врти некоја создадена планета.

„Никогаш не сме виделе ништо слично. Помисливме дека е во прашање можеби некоја грешка или дека податоците стигнаа во таков облик поради вртење на леталото, но се внимателно прегледамве и не беше ништо од тоа“, изјавила Табета Бојаџијан од Универзитетот Јејл.

Таа неодамна објави научен труд во кој се земени во предвид сите можни природни причин за настанување на мистериозниот објект, а за сега е задоволително едно објаснување дека некоја друга ѕвезда привлекла низа на комети КИЦ 8462852 што би претставувало речиси невозможна случајност.

Додека цивилизациите стануваат технолошки сè понапредни, тие создаваат нови и подобри начини на собирање енергија – а крајниот резултат е искористување на енергијата директно од својата ѕвезда. Ако се точни шпекулациите дека мегаструктурите се сместени околу ѕвездениот систем, тоа, на пример, би можело да бидат огромни соларни панели поставени околу ѕвездата, велат научниците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1