Конечно ќе дознаеме колку навистина ни вредат становите


Агенцијата за катастар на недвижнини е задолжена да направи масовна евалуација на недвижнините во државата, а кога таа ќе заврши, на дневна основа ќе имаме информации какви се движењата на пазарот, колку чини секој стан или куќа и колкава вредност во изграден простор има во Македонија

zgrada2[1]Пресметувањето и евидентирањето на вредноста на недвижностите се предвидени со новиот Закон за катастар на недвижности кој стапи во сила минатата недела. Агенцијата за катастар на недвижности која треба да ја истурка оваа активност е задолжена во наредните шест месеци да ги донесе подзаконските акти со кои во детали ќе се прецизира како ќе се врши масовната евалуација.

Катастарот, исто така ќе води евиденција и на закупнините.
Востановувањето на оваа своевидна берза на недвижнини во Катастарот многу ќе им помогне пред се на купувачите на станови. Тие прво ќе можат да проверат во Катастарот на која вредност е проценет станот во моментот кога сакаат да го купат и колку чинел претходно, а потоа да се ценкаат со продавачот.

Исто така, во Катастарот ќе може на дневна основа да се провери индексот на пазарот на недвижности во државата, односно ќе се знае дали тој расте или паѓа и која е просечната цена на становите и на закупнините. Евиденциите ќе се водат на ниво на една катастарска општина, на ниво на една политичка општина, на ниво на една населба, на ниво на еден град и на ниво на цела држава.

Vecer.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1