Уапсен мажот кој тргна да го убива љубовникот на жена му – за среќа не го нашол


Полицијата го фати 48 годишниот Драгоје Ѓурѓевиќ кој попладнево ја избоде соругата со нож и пукаше во стомакот на 28 годишна жена која излезе дека била снаа на љубовникот на жена му.

policija srbijaТој е фатен во куќата на неговите родители во селото Врановац кај Јагодина.

Драгоје денеска ја врзал сопругата, ја претепал, и нанел расекотини со нож на лицето и ја приморал да признае дека има љубовник и да открие кој е тој. Потоа бесен излетал на улиците на Белград со пиштол во раката. Пукал во 28 годишната И.Р., украл мерцедес, кога снемал бензин украл опел и одзел 15 000 динари од трафика. Убедени дека тргнал да го убива љубовникот на сопругата, полициски единици тргнаа во потера по него и по неколку часа го најдоа во куќата на неговите родители. Кај него се најдени ножот и пиштолот со кои ги повредил двете жени – пишува Блиц.

43 годишната сопруга на Драгоје е примена во болница со тешки повреди на очите, вилицата, учите и градниот кош.

ПОТЕРА ПО МАЖ КОЈ НИЗ БЕЛГРАД ГО БАРА ЉУБОВНИКОТ НА ЖЕНАТА ДА ГО УБИЕ – ПУКАЛ ВО ДЕВОЈКА, ЈА ИСКАСАПИЛ ЖЕАНАТА
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1