Конечниот извештај со сите заклучоци ќе бидат доставени до македонските и босанските власти до крајот на месецот.Во истрагата се утврдени нови детали кои до сега случајно или не биле изоставени во првиот извештај и за кои јавноста не била информирана.
Истрагата за падот на владиниот кингер во кој загина македонскиот претседател Борис Трајковски е завршена, направени се сите анализи, а конечниот извештај со сите заклучоци ќе бидат доставени до македонските и босанските власти до крајот на месецот, дознава Република.
Тогаш доказите за новите наоди ќе ги дознае и целата јавност. Во истрагата се утврдени нови детали кои до сега случајно или не биле изоставени во првиот извештај и за кои јавноста не била информирана. Новиот извештај на тимот со кој раководи босанскиот експерт Омер Кулиќ сигурно ќе фрли ново светло на начинот на кој загинал претседателот и за потрагата по авионот, велат упатени.
За несреќата во моментот се снимаат и два документарни филмови. Реконструкција на несреќата базирана на извештајот на Омер Кулиќ прави глобалната мрежа National Geografic, а во документарецот на регионалната телевизија Ал Џезеира Балкан што го работи продукцијата Револушн од Скопје, покрај освртот на политичката кариера, ќе бидат обработени многу нови детали за падот на кингерот и за потрагата.
Сител.мк