Оставете ми ги синовите, пукајте во мене – Мајката ги спасувала децата


Оставете ми ги синовите, пукајте во мене! Ова биле зборовите со кои мајката на тројцата браќа од семејството Бајрами од Арачиново се обидела да ги спаси сопствените деца, кога пред нивната куќа завчера попладне дошле неколкумина соседи вооружени со пиштоли и „калашникови“, подготвени да ги убијат синовите. Овие зборови на жената не ги поколебале ладнокрвните напаѓачи, кои не само што ги изрешетале нејзините три деца туку тешко ја раниле и жената. Четворицата сега се во болница со тешки рани по целото тело, а едно од децата се бори за живот и е во критична состојба.

policija-alfi-kalasnikovПричината за овој крвав вооружен инцидент била банална кавга од пред три дена за паркинг-место, поради што членовите на семејствата Бајрами и Салии си размениле по неколку шлаканици пред сервис за миење возила. Сепак кавгата очигледно не завршила.

Вчера во Арачиново сите зборуваа за вооружениот инцидент, кој се случил во близина на првите дуќани кај влезот во селото, веднаш откако ќе се помине малиот мост. Селаните велат дека одамна немало нешто вакво во Арачиново и додаваат дека двете семејства биле мирни и работливи.

Напаѓачите знаеле дека браќата работат на пазар и точно знаеле кој е нивниот автомобил и каде се движат, па ги чекале пред ресторан, каде што двајца браќа од семејството Бајрами јаделе по завршениот работен ден.

– Тие ги следеле браќата и почнале да пукаат во нивното возило уште кај Сингелиќ. Браќата забрзале со автомобилот за да спасат жива глава и се упатиле кон Арачиново. Напаѓачите се обидувале да го погодат нивниот автомобил. За помалку од една минута пред домот излегла и нивната мајка и им го попречила патот на напаѓачите, обидувајќи се да ги спаси децата. Излегле и други роднини, но не можеле да ги спречат напаѓачите во нивната намера да се осветат за кавгата од пред неколку дена.

-Жената излегла во дворот и се стрчала да ги спаси децата, велејќи им да пукаат во неа ако некого треба да убијат, но тие пукале во сите што ги виделе и раниле четворица. Едно од децата е погодено во главата – вели еден од пријателите на семејството.

Според полицијата, приведени се Н.С.(50), Р.С.(45) и Г.С.(42) од село Арачиново, а по другите три лица МВР с` уште трага. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена кривична пријава за обид за убиство.

Dnevnik.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1