Конечно ќе се работи на реконструкција на болниците во Македонија


Министерството за здравство започнува со реконструкција на здравствените домови во државата. Во првата фаза ќе се работи на здравствените домови во Пехчево, Валандово, Штип и Ресен, а за околу две недели се очекува да бидат санирани уште четири до пет други здравствени домови.

За реализација на проектот од буџетот на Министерството за здравство ќе бидат одвоени околу 20 милиони денари, а со сопствени средства ќе учествуваат и здравствените домови – вкупната инвестиција ќе е 30 до 40 милиони денари.

Во Пехчево се работи на санација на кровот и замена на олуците и громобранската инсталација. Валандово – планирана е санација на покривната конструкција во вредност од 1.200 илјади денари, а од болницата во Козле ќе бидат донирани и два котли за парно греење на течно гориво. Со средства од здравствениот дом ќе се реновираат и пристапите и гаражите.

Во Штип ќе се изврши реновирање на санитарните јазли и ќе се замени водоводната мрежа, замена на дотраените врати во сите санитарни јазли.

Во Ресен ќе се санира фасада

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1