Конечно кубанците по долго време ќе смеат да купуваат нови автомобили


Физичките лица Кубанци и странски државјани кои живеат во Куба ќе можат да купуваат неколку видови на автомбили. Указот кој дозволува делумна либерализација на пазарот на автомобили е донесен на 31 декември минатата година.

cuba-cars-500Досега само дипломатите, странските фирми и мал број Кубанци имаа специјални привилегии и можеа да купат увезени автомобили.

Поради тоа две третини од сите автомобили во Куба се американски модели од пред револуцијата во 1959 година или советски модели од 70-те и 80-те години на минатиот век.

Од денеска државните претпријатија ќе увезуваат атомобили и ќе им ги продаваат со 20 процентен данок на фирми, кои ќе ги препродаваат со повисока цена за осум проценти и десет отсто специјален данок.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1