Видео: Канадски Министер за одбрана – вонземјаните се тука, во страв се дека ќе употребиме атомска бомба


Пол Хелијер, некогашен министер за одбрана на Канада, изјави дека најмалку четири видови вонземјани, веќе илјадници години ја посетуваат Земјата.

КАNАDSKI-MINISTERПол Хелијер, некогашен министер за одбрана на Канада, изјави дека најмалку четири видови вонземјани, веќе илјадници години ја посетуваат Земјата.

Кога новинарката го запраша поради што мисли дека НЛО се вистински, Хејлер самоуверено одговори: „Затоа што знам дека се. Всушност, тие нашата планета ја посетуваат веќе илјадници години“.

-Еден од најинтересните случаи се случи за време на Студената војна, кога во 1961 година, беше забележана формација од 50-тина НЛО како летаат од југот на Русија кон Европа. Тогаш настана паника, но сите се смирија кога НЛО се вратија кон Северниот пол- раскажува тој.

Според неговите зборови, активностите на вонземјаните се зголемени во последните неколку декади, поточно од моментот кога луѓето ја измислиле атомската бомба.

Поранешниот министер тврди и дека вонземјаните се многу загрижени поради можноста, повторно да се употреби атомска бомба, затоа што како што истакна, вселената е единствена, па тоа нема да влијае само на луѓето на Земјата, туку и на другите видови во вселената.

-Многу се плашат дека би можеле да бидеме толку глупави и повторно да започнеме со употреба на атомско оружје. Тоа би било лошо и за нив и за нас- заклучува тој.

Коментари

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1