Конечно: Поевтин роаминг со Србија, Црна Гора и БиХ од 30. јуни


Од 30. јуни се намалуваат цените на роаминг услугите со Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Минута разговор ќе чини 17,9 денари, СМС-порака ќе се испраќа за 5,6 денари, а 1 МБ интернет ќе чини 43,2 денари.

Намалените цени на роаминг услугите со овие три држави следуваат по потпишаната Спогодба во Будва, а од Агенцијата за електронски комуникации очекуваат наскоро кон оваа спогодба да се приклучи и Албанија, а таа е отворена и за останатите балкански држави.telefon3

– Договорот е отворен за сите држави кои сакаат да се приклучат кон него. Сакам да нагласам дека во Будва кога беше потпишан меѓународниот договор, и Република Албанија беше во оваа иницијатива, но поради нивната сложена процедура таа се одложи малку така што наскоро очекуваме и таа да се приклучи кон овој договор. Ги повикувам и останатите балкански држави од регионот да се приклучат и граѓаните патувајќи низ државите да користат многу пониски цени од сегашните, рече денеска на прес-конференција директорот на АЕК Роберт Орданоски.

Итернетот  е намален за скоро 90 проценти, односно од сегашните 370,2 денари сега 1МБ интернет ќе чини 43,2 денари.

Предвидено е скалесто намалување на цените на роаминг услугите, така што тие ќе бидат драстично намалени до јули 2017 година. Така тогаш цената за минута разговор ќе чини 11,7 денари, СМС-пораката ќе се намали до 3,7 денари, а интернетот до 12,3 денари за 1МБ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1