Конечно пронајден “Светиот Грал” – историчари тврдат дека е автентичен


Богато украсен пехар изложен во црквата „Сан Исидоро“ во Леон, на северозапад од Шпанија, е „светиот грал“, чашата од која, според легендата, пиел Исус за време на својата последна „Тајна вечера“, тврдат двојца шпански историчари.

The goblet in the Basilica of San Isidoro in León, northern SpainСпоменатата базилика од средината на XI век го чува пехарот, што од IV или V век во христијанските заедници на Ерусалим се смета за пехарот од „Тајната вечера“, а кој подоцна ќе стане мит, изјави Маргарита Торес, професорка по средновековна историја на Универзитетот во Леон и коавтор на студија.

Украсен со оникс, злато и благородни камења, пехарот досега беше познат како чашата на Урака, ќерката на Фердинанд Први, крал на Леон од 1037 до 1065 година.

Меѓутоа, по откритието на два египетски пергаменти во библиотеката на Универзитетот А-Азхар во Каиро во 2011 година и тригодишното истражување, Торес и нејзиниот колега, историчарот на уметноста Хозе Мигел Ортега дел Рио, дојдоа до заклучок дека пехарот на шпанската принцеза навистина е пехарот на Исус.

Всушност, само горниот дел од пехарот, римска чаша од ахат, претставува легендарната реликвија што во текот на седум века се наоѓала во храмот на „Воскрснувањето Христово“ во Ерусалим, за потоа да му биде подарен на Фердинанд Први, еден од најмоќните шпански суверени од тој период.

Чашата на кралот Фернанд му ја дал емирот на еден од муслиманските кралства на шпанско тло при склучувањето на меѓусебниот мир.

Откако минатата недела двајцата историчари ја претставија својата книга „Гралот на кралот“, музејот во базиликата „Сан Исидро“ го запоседнаа авантуристи, па пехарот мораше да се сокрие на посигурно место.

Кустосите сега се обидуваат да му најдат адекватен изложбен простор, изјави директорката на музејот Ракел Хаен.

– Се наоѓа во сосема мала просторија, каде не е можно да се види во неговиот полн сјај, наведе таа.

Само во Европа постојат повеќе од 200 пехари за кои се тврди дека се светиот грал.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1