Конкурс: Се бара дизајнер на најдобрата еко столица во Македонија


“Sitting Green” предизвик за сите креативни графички дизајнери и еко визионери – Кој ќе дизајнира најдобра зелена „еко“ столица

growing-chair_FI7nQ_5638На овој конкурс својата иновативност и креативност можат да ја покажат студентите по дизајн, архитектура, уметност и сите други кои имаат визија, желба и знаења. Ограничен број на предлози и идејни решенија по учесник не постои.

Проектантската компанија Македонијапроект ги повикува сите графички дизајнери, архитекти и визионери да дадат најдобро креативно идејно решение за еко столица. Конкурсот за дизајн на еко столица „sitting green” веќе е отворен и пристигнатите предлози ќе се примаат се до 23 февруари 2013 година.
На овој конкурс својата иновативност и креативност можат да ја покажат студентите по дизајн, архитектура, уметност и сите други кои имаат визија, желба и знаења. Ограничен број на предлози и идејни решенија по учесник не постои.
Ова е за првпат во Македонија, да се организира конкурс за дизајн на зелена – еко столица. Предизвикот е дотолку интересен и поголем што станува збор за спојување на практичен и идеолошки концепт во уметничко-визионерски израз.
Секој што ќе испрати предлог со идејното решение кое треба да биде доставено во 2 копии во боја, А4 формат, печатена и електронска форма, треба да даде краток опис на дизајнот, предвидениот материјал и објаснување на идејното решение.

За најдобрата идеја и најзелената визија Македонијапроект обезбеди и награден фонд а исто така и промоција на авторот, локално, национални како и надвор од државата.
Пристигнатите идејни решенија за првата првата еко столица во Македонија, ќе бидат оценувани од тричлена комисија составувана од два архитекти и еден графички дизајнер. Ќе се оценуваат иновативноста, во смисла на единствено напредно решение и креативноста.
Подетални информации за правилата за учество и пропозициите на конкурсот достапни се на следнава е-маил адреса, [email protected]
Македонијапроект е проектантска компанија која многу пати досега се покажала и докажала со своите напредни и современи дизајни на екстериери и ентериери како и комплетни архитектонски решенија. Во своето портфолио ги има најфутуристичките објекти во Македонија. Овој конкурс е уште еден начин за компанијата да ја покаже својата отворена поддршка на младите, напредни и модерни идеи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1