Неделна прогноза – студени ноќи – високи дневни температури


Во Македонија во утринските часови ке има појава на магла и ниска облачност која понекаде ке се задржи и претпладне, исто така ке има појава на умерен мраз поради ниските утрински температури. Во текот на денот ке биде умерено облачно со сончеви периоди и студено.

6144865-lurking-sun-in-winter-clothes--vector-illustrationСлаб ветер со променлив правец. Утринските температури ке се движат од -11°C до -4°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 0°C односно до 8°C.

Во Скопје во утринските часови ке има појава на магла и ниска облачност, а во текот на денот ке биде умерено облачно со сончеви периоди. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од -7°C, а максималната дневна температура ке достигне до 4°C.

Во вторник во утринските часови ке има појава умерен мраз, а во текот на денот ке биде умерено облачно со сончеви периоди, студено и ветровито. Ке дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ке дува слаб североисточен ветер. Утринските температури од -9°C до -1°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 1°C односно до 9°C.

Во среда во утринските часови ке има појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот ке биде умерено облачно со сончеви периоди и потопло со пораст на дневните температури. Ке дува слаб северен и северозападен ветер. Утринските температури ке се движат од -7°C до 0°C, а максималните дневни температури ке се движат од 4°C до 12°C.

Во четврток ке биде претежно сончево со локална облачност и потопло време. Ке дува северен и северозападен ветер, а во западните предели ке дува засилен североисточен ветер. Утринските температури од -4°C до 3°C, а максималните дневни температури ке се движат од 6°C до 14°C.

Во петок во утринските часови ке има појава на умерен мраз поради ниските утрински температури кои ке се движат од -6°C до 1°C, а во текот на денот ке биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Слаб променлив ветер. Максималните дневни температури ке се движат од 5°C до 12°C.

Во сабота ке биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и топло. Ке дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ке дува засилен југозападен ветер кој ке достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од -4°C до 3°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 7°C односно до 14°C.

Во недела во Македонија ке биде умерено облачно со сончеви периоди. Во доцните попладневни часови потполно наоблачување кое во вечерните часови и во текот на ноќта ке донесе врнежи од дожд а на планините со врнежи од снег. Слаб ветер со променлив правец. Утринските температури ке се движат од -3°C до 4°C, а максималните дневни температури од 2°C до 9°C.

weather4all

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1