Медиумите досега пишуваа дека стјуардесата Марија В. која 7 години била девојка на копилотот е причината поради која тој го срушил авионот. Наводно, таа му раскинала.
Впрочем, досега медиумите пишуваа дека причината поради која копилотот го срушил авионот е прекинот на врската со стјуардесата Марија, В. со која бил цели 7 години.
Но, деновиве мета на фокусот е професорката во средно училиште, Катрин Годлбах (26) чие име за прв пат се појавува во медиумите. Таа тврди дека била негова девојка и дека е бремена со негово дете. Откако дознала за несреќата, Катрин веднаш се упатила кон местото на несреќата мислејќи дека нејзиниот дечко е еден од жртвите. Но, кога стигнала на местото на несреќата дознала дека токму тој е виновникот за смртта на 149 патници и членови на екипажот.
Се верува дека Катрин неодамна им кажала на своите ученици дека наскоро ќе биде мајка. Таа била среќна поради ваквата вест, и постојано зборела дека едвај чека да ги сподели среќните вести со сите нејзини пријатели. Таа дури и планирала свадба со Андреас.
И покрај тоа што планирале заеднички живот, постои сомнеж дека двојката имала бурна врска со многу прекини по што Лубиц во последно време почнал афера со стјуардесата Марија.
Впрочем, Катрин и Лубиц се запознале кога имале 17 години, пред тој да стане пилот. Работеле заедно во Бургер Кинг во неговиот роден град Монтабаура, пишуваат германските медиуми. Заедно се преселиле во Дизелдорф и живееле заедно. Катрин била приморана да се пресели поради деловните ангажмани на Лубиц и неговата желба постојано да ги држи работите под контрола.
Се верува дека нејзиното заминување била капката која ја прелила чашата и го натерало да го изврши овој страотен чин.
Веста на нејзината бременост се појави откако во јавноста беше објавен транскриптот од снимката од црната кутија на која се слушаат очајничките крици на патниците и пилотот, кој со секира се обидел да ја скрши вратата и да превземе контрола над авионот.
Девојка број 2
Досега во медиумите се пишуваше дека девојката на Андреас е стјуардесата Марија В. Меѓутоа, конфузијата настана откако на сцена настапи Катрин.
Потсетуваме, Марија која постојано се претставува како поранешната девојка на копилотот откри дека тој го најавил ваквиот злосторнички чин.
-Кога слушнав за несреќата, во глава почнаа да ми се повторуваат неговите зборови “Еден ден ќе направам нешто што ќе го промени целиот систем. Сите ќе го знаат моето име и презиме”. Тогаш не знаев што значат неговите зборови, но сега се ми е јасно, изјавила Марија.