КОРЕЈСКИ ХУДИНИ: Мајстор за јога избегал од затвор низ отвор од 15 см (ВИДЕО)


Затвореникот Чои Гап Бокс (50), од Јужна Кореја, се занимава со јога веќе 23 години. Од затворот успеал да побегне низ мал отвор, широк 45 и висок 15 сантиметри.

Во затворите ширум Америка се организираат курсеви по јога, на кои, како што се верува, затворениците се ослободуваат од дополнителен стрес. Идејата е јогата и медитацијата да може да ги направи затворениците посмирени и смета се како многу добар начин за канализирање на бесот.
Меѓутоа, еден Кореец ја употребил јогата на многу корисен начин!
Чои Гап Бокс (50), кој се занимава со јога 23 години, успеал да побегне од затвор во Јужна Кореја, така што се провлекол низ отвор на вратата од ќелијата, кој е широк 45 и висок 15 сантиметри.

Бокс е уапсен во септември поради вооружен грабеж. Своето бегство го изведел на сред бел ден, користејќи ја смената на чуварот. Сето тоа го извел за рекордни 34 секунди.

– Побегнал од ќелија без маки, бил како октопод, ова е неверојатно да се изведе – рекол полицаец.
Корејскиот доктор рекол дека е невозможно да се провлече глава на просечен човек, низ отвор од 15 сантиметри.

-Не ми е јасно како успеал да се провлече, тој е вистински корејски Худини – додал докторот. Бидејќи е невозможно човек да ја провлече главата низ отвор од 15 сантиметри.

Иако јогата му помогнала да избега од затвор, набрзо се вратил. Овој пат се погрижиле да го вратат во затвор што повеќе личи на темница, зашто изгледа нема отвор низ кој тој нема да може да се провлече.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ВИДЕО СНИМКАТА:

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1