Корејците измислија невидлив чадор (Фото)


 

Воздушен чадор – едноставен електронски уред, е изум на дизајнерите Је Сунг Парк и Ву Јунг Кунг Квон од Јужна Кореја, кој се состои од само една дршка и воздушен штит.

Го вшмукува воздухот низ отворот на дното на дршката и го исфрла под притисок на врвот, создавајќи воздушни завеси кои го одбиваат дождот.
Силата со која се исфрла воздухот може да се прилагодува. Рачката може да се склопи, да се стави во торба или џеп. Единствен недостаток е животниот век на батеријата.

Доколку воздушната завеса е голема, тогаш максималната сила веројатно многу брзо би ги истрошила батериите. И покрај тоа што овој невидлив чадор изгледа како инзвонредна идеја и концепт, остануваат отворени прашања, дали на случајните минувачи би им се допаднало прскањето на одбиените капки дожд.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1