Корисни совети – како да се разладите во автомобил без клима


За време на неподносливите горештини кои траат веќе со месеци секој бара начин да се разлади. Да не зборуваме за разладување во автомобил кој најчесто по цел ден стои на сонце.

Иако не постои брзо разладување некои од наредните совети на многумина од вас може да ви помогнат:

avtoklima– Ставете водени крпи на отворите за вентилација. Воздухот што ќе помине низ нив ќе има пониска температура.

– Знаеме дека законски не е дозволено но доколку ви се создаде прилика може да возите и боси. Огромна количина на телесна топлина се насобира во стапалата и ќе ви биде попријатно ако се соблечете.

– Ставете голема количина на мраз во пластичен сад за да не се топи по автомобилот. Овој трик бил карактеристичен во 50 години во Аризона.

– замрзнете вода во пластично шише и ставете ја во близина на вентилаторот – најдобро е доколку е на директен пат на струењето на воздухот но доколку неможете да ја поставите пред него тогаш барем во близина ( внимавајте како што ќе се топи ледот во шишето вие ќе добиете ладен воздух во автомобилот, но и малку вода)

– шише со замрзната вода во близина на поптирачите за рака или во близина на менувачот исто така ќе ви даде мало чуство на разладување.

– Планирајте патувања во поладните периоди од денот, ноќе или рано наутро. Исто така обидете се да ги избегнете гужвите бидејќи самото задржување во редот и бавното придвижување ќе ви ја покачат температурата заедно со притисокот.

– Ставете фолија за затемнување на стаклата или затемнете ги на друг начин.

– Купете мал вентилатор и закачете го на инструмент таблата.

– Кога паркирате отворете го прозорот но само малку за да струи воздухот во внатрешноста на возилото.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1