Коронавирусот ја однесе и десеттата жртва во Македонија


Ноќеска на Инфективната клиника во Скопје од коронавирусот почина 65 годишна жена од струшко Лабуништа.

Таа имала претходни заболувања, хронично опструктивна белодробна болест, дијабетес, срцева слабост и обезност, информира министерот за здравство Венко Филипче.

Што се однесува до пациентката која во неделата наутро почина во болница во Струга, а на која постморум и е земен брис, истиот е позитивен на вирусот.

Во последните 24 часа дијагностицирани се и нови 25 пациенти заболени од Ковид 19, од кои по 7 во Скопје и Куманово, во Тетово 5, во Прилеп и Струга по два и по еден во Кочани и во Гевгелија, со што бројот на вкупно регистирани пациенти изнесува 354 луѓе.

„На пациенти од Дебар, 11 се земаат контролни брисови, тие се во добра општа здравствена состојба.

Министерот Филипче кажа дека од Клиниката за инфективни болести денеска се испишани 5 пациенти, кои биле негативни на тестовите и се во добра општа здравствена состојба.

Од Министерството информираа дека во изминатото дено-ноќие направени се 257 теста за коронавирусот, а вкупно досега се тестирани 3.775 луѓе во земјава.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1