Кошаркар почина на тренинг во Охрид


Американецот Мур Камерун синоќа починал за време на тренингот што го имал со кошаркарскиот тим Охрид АВ.policija-ohrid
Од клубот ја потврдија информацијата за трагедијата. Кошаркарот пристигнал во Охрид како засилување за охриѓани.

Неофицијално, на кошаркарот му се слошило за време на првиот тренинг, по што починал во салата. Била повикана Итна медицинска помош која констатирала смрт.

По наредба на јавен обвинител телото на кошаркарот е предадено на обдукција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1