Доделувањето на наградите Оскар и оваа година ги привлече само најпознатите имиња од светот на филмот и музиката.
Популарната Џенифер Лопез имала чест да биде презентерка на наградата за најдобар костим, а својот моден избор се поклопил со сопругата на Роберт Дувал.
Џенифер Лопез за оваа прилика одбрала раскошна кринолина со боја на пудра со потпис на Ели Сааб, со изразено деколте, збогатени слоеви тул кои совршено се стопиле на прекрасното тело на убавата пејачка.
За жал, многу сличен фустан од истата дизајнерка со боја на праска избрала и Лусијана, сопругата на Роберт Дувал кој беше номиниран за најдобра машка споредна улога.
Славните дами избираат фустани за оваа вечер неколку месеци порано, а стилистите и дизајнерите на актерите се координираат за да избегнат токму ваква ситуација.
Очигледно никој не ја прашал г-ѓа Дувал што ќе облече на доделувањето на Оскарите.