Кошмар за секој родител: Намамил малолетничка преку Фејсбук и ја однел во хотел


Ученичка (13) од околината на Загреб на родителите во саботата им рекла дека ќе преспие кај другарка, но заминала да се најде со маж што го запознала на интернет.

Се утврдило дека станува збор за 53-годишен, семеен човек, татко на три деца, кој девојчето намерно го намамил во загребскиот хотел и таму го држел 26 часа, додека не е уапсен.devojce-fb-pedofil-640x432

Таа на рецепција рекла дека го чека таткото кој ја резервирал собата, а рецепционерите ја пуштиле без никаква проверка. Родителите сфатиле дека нешто не е во ред кога престанала да јавува на телефон. Вистинската агонија почнала кога дознале дека не кај пријателката.

-Почнала потрага по неа, а првата корисна информација им ја дала жена на Фејсбук, која го видела девојчето како се распрашува за хотелот, пишува Јутарњи.

Полицијата ги затекнала нив двајца во соба и човекот е набрзо уапсен.

Нејзината сестра изјави дека кога ја пронашле вртела со очите и не можела да одговори на ниедно прашање. Не знаела каде се наоѓа ниту што се случило, раскажува очајната сестра.

За што точно ќе биде осуден 53-годишниот перверзник ќе покаже истрагата, вештачењата, прегледите на снимките од надзорните камери и реконтрукцијата на целото „дружење“. Освен сомневање дека извршил полови дејства врз детето, не е исклучено и во прашање да е трговија со деца.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1