СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.С.(34) од Новален, Косово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Како што информира МВР, во неделата на 22 октомври околу 4:50 часот во хотел лоциран на улицата „Титовелешка“, во Скопје, пријавениот се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга Н.Х.(39) од Рига, Латвија, при што со нож и нанел повеќе расекотини во пределот на главата и телото, како и убодна рана во пределот на левата страна на вратот.
– При обидот за убиство во собата влегол Ф.З. (26) од Скопје, вработен во агенција за обезбедување имоти и лица „Никоб“ кој бил повикан од вработените во хотелот. Откако пробал да го оттргне пријавениот од Н.Х., Ф.З. бил нападнат од негова страна, и притоа се здобил со расекотина со нож во пределот на десната дланка – соопшти МВР.
На пријавениот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.