Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај најави дека Косово идната недела ќе поднесе барање за членство во Советот на Европа, потврдувајќи дека за тоа има поддршка од две третини од земјите членки на Советот.
Во интервју за Радио Слободна Европа, Хоџај изјави дека членството на Косово во Советот на Европа ќе претставува највисоко членство на земјата во некоја организација од прогласувањето независност.
Зачленувањето е процес што може да трае две до три години, според искуствата на земјите од регионот.
– Постои различна динамика на зачленувањето, изјави Хоџај.
За целосно членство неопходно е спроведување значителен напредок во областа на владеење на правото, почитувањето на човековите права и слободи, како и прифаќање на неколку меѓународни конвенции.
Според Хоџај, Косово сега има поддршка од 37 држави и останува на пратениците од Собранието на Косово во контакти со пратеници од останатите држави да обезбедат зачленување во Советот на Европа.