Силен земјотрес од Грција почувствуван во Скопје


zemjo

Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно- математичкиот факултет во Скопје, денеска во 15 часот и 28 минути, регистрираа умерен земјотрес.

Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда 4.9, чиј епицентар е на околу 200 километри јужно од Скопје, на територијата на соседна Грција.

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван во јужните и југозападните делови на територијата на Република Македонија со интензитет од 4 до 5 степени според Европската макросеизмичка скала-1998.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1