КОСОВО СЕ ВООРУЖУВА: Генералот вели – „Ќе бидеме ВОЕНА СИЛА, а Западот не поддржува


Шефот на безбедносните сили на Косово изјави дека неговата трансформација во вооружените сили ќе биде во склоп со НАТО стандардите, како модерна војска со полн капацитет.

Тие велат дека безбедносните сили се подготвуваат да превземат одговорност за заштита на суверенитетот и територијата.kosovo-ovk-620x350

Командантот на Косовските безбедносни сили, генералот Рахман Рама изјави за Радио Слободна Европа дека Косово има доволно капацитет да воспостави војска во склоп со стандардите на НАТО, ослонувајќи се на поддршката која ќе ја уживаат од Западот.

„Имаме буџет во рок од 10 години, и ние постепено ќе изградиме модерна сила засновата на стандардите на НАТО, објаснува Рама, а пренесува Газета експрес.

Генералот Рама вели дека Косово во иднина ќе има своја војска со сите оперативни капацитети.vojska-srj-kosovo-bombardovanje-srbije-1999

Нема да има оклопни џипови, тактичка опрема или тактика, но плранираме оружје со одреден калибар. Целтае да ги координира плановите со локалните и меѓународните институции“, изјави тој.

Официјалните лица од Министерството за безбедносни сили на Косово изјавија дека оваа сила ја спровела целата своја програма и дека е подготвена за понатамошна трансформација.

Ибрахим Шаља, директорот на Секторот за односи со јавноста во Министерството за Косовските безбедносни сили, изјави за Радио Слободна Европа, дека Косово веројатно ќе има модерна војска опремена со сите потребни средства.

„На основа на тековниот буџет, и по услов да секоја година доаѓа до зголемување од пет милиони, ќе се иде на формирање на војската и опремување на техничарот“, вели Шаља.

Но не сите мислења за капацитетите на КБС кој можат да бидат трансформација на вооружените сили. Имено Маљок, аналитичарот на воените и безбедносните прашања, е скептичен кога е во прашање силната војска и тешкото вооружување. Според неговите зборови на Косово нема доволно буџет.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1