Обновено – Според официјалните информации од МВР лицето кое е уапсено на Косово е убиецот на полицаецот пред ПМФ, а не лице осомничено за монструм. Според МВР уапсен е Алмир Дрпљанин, кој во 2010 беше осуден на доживотен затвор за убиството на полицаецот Африм Арифи пред Природноматематичкиот факултет.
Истото лице МВР го бараше и за кражбите на Прокредит банка, возилото на Комерцијална банка и возилото на Македонски пошти во Чаир.
https://mkd-news.com/uapseniot-vo-kosovo-e-ubietsot-na-politsaetsot-pred-pmf/
Македонски државјанин кој е осомничен за случајот со петкратното убиство кај Смиљковското езеро, чиј идентитет за сега се уште не се открива, уапсен е пред една недела кај Урошевац, објави весникот „Лајме“ повикувајќи се на неофицијални извори од косовската полиција.Кај него биле пронајдени златен накит и две пушки „Калашников“, објави „Лајме“.
Ваквата информација засега останува без потврда и од косовската и од македонската полицијата.
Портпаролот на косовската полиција Баки Келани изјавил дека не може да открие повеќе информации додека не се утврди за што точно се сомничи уапсениот.
Македонското МВР уште при спроведување на акција на почетокот на мај годинава информираше дека постојат сомневања дека две лица, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, директни извршители на злосторството, се избегани во Косово.
По нив беше распишана меѓународна потерница преку Интерпол.