Косовските Албанци ја колнат судбината: “Ни ветуваа златни лажички, а сега јадеме земја!”


Масовното бегство на Албанците од Косово во изминатите неколку месеци продолжува да го привлекува вниманието на јавноста.

“Ни ветуваа се, а ги наполнија само своите џебови. Кој? Па, политичарите! Гладни сме, без работа, заробени и без надеж. Од зборови не се живее! Овие деца треба некако да се нахранат”, изјавил Исмаил, свесен дека илегалното преминување на границата со осум деца, од кои најмладото има само три, е исклучително голем ризик.

Foto - Blic.rs

Foto – Blic.rs

Сите се свесни дека контролата е засилена и дека од границата со Унгарија се вратени повеќе од 3.000 емигранти, меѓутоа тие не се откажуваат. Во тоа не ги спречува ниту температурата која речиси постојано е под нулата и фактот дека во таквите услови тие мора многу да пешачат.

Foto - Blic.rs

Foto – Blic.rs

Со себе овие луѓе носат само мали чанти, како да не планираат засекогаш да ги напуштат своите досегашни домови. Единствено нешто што ги издава се солзите на нивните лица.

Foto - Blic.rs

Foto – Blic.rs

“Немаме ние што да изгубиме. Распродадов се што имав. Сега го праќам семејството, а за еден месец си заминувам и јас”, изјавил разочараниот Идељ Гаши во разговорот за српскиот портал, нагласувајќи дека најтешко му е тоа што неговите роднини си заминуваат со бебиња во прегратките.

Foto - Blic.rs

Foto – Blic.rs

Пред два дена од Приштина со околу 500 патници, во студената ноќ тргнале девет автобуси, а зад нив останале единствено расплаканите роднини кои веројатно никогаш повеќе нема да ги видат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1